Дома Фудбал Фиорентина сака да го замени Монтела со Спалети

Фиорентина сака да го замени Монтела со Спалети

Раководните луѓе на Фиорентина не се задоволни со резултатите на тимот од почетокот на сезоната, па сериозно размислуваат за тренерска смена.

Претседателот на клубот сака да му врачи отказ на Винченцо Монтела и на негово место да го назначи Лучијано Спалети.

Единствен проблем за Фиорентина е како да ја обезбеди платата на Спалети. 60-годишниот Спалети се уште е на платен список на Интер каде заработува 4,5 милиони евра по сезона.

Фиорентина викендов доживеа дебакл на гостувањето кај Каљари, моментално се наоѓа на 9-то место на табелата и се погласни се шпекулациите за тренерска смена во Фиренца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две асистенции и исклучување: Несторовски во центарот на пресвртот во Вараждин

Славен Белупо победи со 2:1 на гостувањето кај Вараждин, а Илија Несторовски ги подготви д…