Дома Трансфер зона Фиорентина потврди: Спремни сме да го продадеме Влаховиќ во јануари

Фиорентина потврди: Спремни сме да го продадеме Влаховиќ во јануари

Генералниот директор на Фиорентина, Даниеле Праде потвди дека клубот е спремен да го продаде Душан Влаховиќ до крајот на зимскиот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Влаховиќ е на мета на многу европски гиганти, медиумите откриваат дека Арсенал понудил 70 милиони евра, но напаѓачот одбил да се пресели на „Емирати“.

Наводно Влаховиќ веќе има договор со Јувентус, а Праде потврди дека клубот е спремен да и го продаде на „старата дама“.

„Зла Влаховиќ добивме понуди од Премиер лигата кои беа одлични за нас и ги прифативме. Трансферот не се реализира бидејќи агентот не сакаше да преговара со тој клуб“, откри Праде.

„Ние сме спремни да го продадеме уште во зимскиот преоден рок. Влаховиќ треба јасно да каже што сака и кои му се плановите. Не можеме да дозволиме да го изгбиме без пари, неговата вредност е 70 милиони евра. Спремни сме да почнеме преговори со Јувентус ако Душан сака да оди во тој клуб“, истакна директорот на Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…