Фиорентина ова лето одработи одличен трансфер период, а сега се на пат да доведат уште едно одлично засилување.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На „Артемио Франки“ пристигнаа Кевин Принс Боатенг и Франк Рибери, а покрај тоа го задржаа најдобриот фудбалер на тимот, Киеза.
Според информациите на Џанлука Ди Марцио, управата на Фиорентина отворила преговори за купување на Сандро Тонали кој го носи прекарот „новиот Пирло“.
Италијанскиот новианр тврди дека двете страни се сретнале во Фиренца и веројатноста за купување до крајот на преодниот рок е веројатна.
За Тонали интерес покажуваа повеќе италијански клубови, но Комисо може да му вети стандардна минутажа.
До крајот на преодниот рок остануваат уште четири дена и ќе видиме дали ќе имаат време да го реализираат овој трансфер.