Дома Фудбал Лига на шампиони Финансиската моќ на дело: Автобусот на ПСЖ празен ќе помине 3.600 километри

Финансиската моќ на дело: Автобусот на ПСЖ празен ќе помине 3.600 километри

Фудбалерите на ПСЖ со авион се упатија за Лисабон каде што утре ќе се сретнат со Бенфика во рамките од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред овој натпревар се појави една интересна информација која само уште еднаш ја докажува финансиската моќ на клубот од Париз. Имено, клупскиот автобус на ПСЖ ќе помине цели 3.600 километри празен.

Во ПСЖ одлучиле играчите да ги имаат на располагање удобностите на својот автобус, па затоа ќе го користат за кратките дестинации во Лисабон. За таа цел тој ќе помине 3.600 километри (во двата правци).

ПСЖ и Бенфика после двете кола имаат максимални шест бода во групата Х, Јувентус и Макаби кои ќе играат меѓусебе се без бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Oва е идеалниот тим на Мундијалот, Возиња е иднината!

ФИФА ја состави најдобрата репрезентација на Светското првенство врз основа на гласовите н…