Дома Трансфер зона Финалето во ЛШ ќе биде последен натпревар за Алвеш во Јувентус?

Финалето во ЛШ ќе биде последен натпревар за Алвеш во Јувентус?

Финалето од ЛШ на 3. јуни против Реал Мадрид во Кардиф би можело да биде последен натпревар за Дани Алвеш во дресот на Јувентус.

Како што пишуваат англиските медиуми, интерес за 34-годишниот Бразилец покажува Челзи и менаџерот на овој тим, Антонио Конте па многу веројатно е дека следната сезона би можеле да го видиме во Премиер лигата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Алвеш оваа сезона покажа дека се уште игра на највисоко ниво. Иако има 34 години, од натпревар во натпревар е се подобар и подобар, и е еден од најзаслужните што „старата дама“ ќе се бори за трофејот во Европа.

Доколку го освои трофејот, Алвеш би можел да го напушти Торино. Челзи со сите сили сака да го доведе, а ни на Бразилецот не би му сметало да игра во Премиер лигата.

На позицијата десен бек за „сините“ оваа сезона игра Виктор Мозес, кој е многу поофанзивен играч и сигурно дека доаѓањето на Алвеш дополнително би ја зајакнало дефанзивната игра на лондонскиот клуб на оваа позиција.

Сепак, ова се само гласини и нема никаква официјална потврда, но каде што има чад, има и оган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Официјално: Потврдено новото засилување на Рома!

Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на Рома, објави неговиот досегаш…