Дома Фудбал Фиго ги избра најдобрите пет фудбалери во овој момент

Фиго ги избра најдобрите пет фудбалери во овој момент

Португалската легенда Луис Фиго ги избра најдобрите пет фудбалери во светот според него во овој момент.

Фиго кој во 2001 година ја доби наградата за најдобар во светот имаше интересен избор и во неговите петмина немаше место за Роберт Левандовски кој имаше неверојатна сезона во Баерн.

„Кристиано, Меси, Модриќ, Салах и Мбапе“ одговори Фиго на прашањето од шпанските медиуми, а како шести го додаде Нејмар.

Малку чуден избор на Фиго со оглед на тоа дека Левандовски доминираше со Баерн и ги собра сите награди. Минатата година не се доделуваше „Златната топка“, меѓутоа полскиот голгетер беше прогласен за најдобар од страна на ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

26 удари, ниту еден гол: Јаблонец ја запре победничката серија на Брајтон

По шест победи во низа, Брајтон одигра 0-0 кај Јаблонец во Конференциската лига, а во фини…