Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд откри дека во 2012 година се обидел да го убеди Модриќ да се пресели на „Олд Трафорд“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Модриќ тогаш блескаше во дресот на Тотенхем и беше на мета на многу клубови, а потоа се пресели во Реал Мадрид, каде изгради легендарен статус.
„Се сеќавам на разговорот со Модриќ. Го прашав дали ќе го напушти Тотенхем и тој рече дека мисли дека ќе го напушти, но не беше сигурен каде ќе оди. Му реков: „Слушај, дојди во Јунајтед“, на што тој ми одговори: „Види, сакам да станам првиот Хрват во историјата на Манчестер Јунајтед. Можеме ли да го направиме ова?. Зборував со луѓето во клубот и со Сер Алекс, но тој имаше други планови. Тој веќе договорил се за трансферот на Кагава. Го донесоа, а Модриќ замина во Реал Мадрид. Останатото е историја“, откри Фердинанд.