Дома Фудбал Англија Фергусон за мозочниот удар: Се плашев дали ќе можам да зборувам

Фергусон за мозочниот удар: Се плашев дали ќе можам да зборувам

Сер Алекс Фергусон е еден од најголемите тренери на сите времиња, а пред три години претрпе мозочен удар.

Сега популарниоте Ферги призна дека во тие моменти стравувал за неговиот живот.

„Се сеќавам дека паднав и после тоа не знам што се случувало. Најлошо беше кога го изгубив гласот. Не можев да изговорам ниту збор, беше навистина страшно…Само размислував дали повторно ќе прозборам и дали сеќавањето ќе ми се врати во целост“, изјави 79 годишниот Фергусон.

Докторот кој го лекувал му давал само 20% шанси дека ќе преживее.

„Кога ги проценував шансите му давав само 20% дека ќе го преживее тој мозочен удар“, порача докторот.

Тренерската кариера Фергусон ја заврши во 2013 година. Во текот на 26 години на клупата на Манчестер Јунајтед освои 38 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Макелеле жестоко по Реал Мадрид: „Нема разбирање меѓу играчите, тимот е слаб!“

Легендарниот француски фудбалер Клод Макелеле даде исклучително критички осврт на актуелна…