Турскиот гигант Фенербахче одлучи да го откупи договорот на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, пренесуваат тамошните медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Алиоски откако една сезона помина во Саудиска Арабија се врати во европскиот фудбал во дресот на Фенербахче, каде игра како позајмен фудбалер од Ал Ахли.




Македонскиот репрезентативец игра во одлична форма, па Фенербахче ќе ја искористи опцијата да го откупи за 2,5 милиони евра.
Алиоски досега одигра 17 натпревари за Фенербахче. постигна еден гол и запиша две асистенции.