Дома Македонски спорт Фемили за Антиќ: Гробарот на македонската кошарка и докажан циган

Фемили за Антиќ: Гробарот на македонската кошарка и докажан циган

Добро позната е нетрпеливоста која владее помеѓу навивачите на МЗТ Скопје и првиот човек на македонската кошарка, Перо Антиќ.

Сега навивачите на клубот од Аеродром одново го истакнаа своето незадоволство од работата на претседателот на федерацијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тие истакнаа навредлив транспарент за Антиќ на кој пишуваше:  „Гробарот на македонската кошарка и докажан циган, кариерата ја продолжува како турбофолк хулиган“.

Освен испратија и порака преку социјалните мрежи.

„Последниве неколку години кошарката во Македонија оди во надолна линија. Но во овој момент дното е пробиено и кошарката никогаш не била послаба! Лигата е неатрактивна, салите се празни и забраните за гостински навивачи од секакви клубови се стандардна приказна. Квалитетот на домашните и странските играчи е на незавидно ниво, а, со исклучок на пар играчи, немаме ни интернационалци кои играат надвор од нашите граници. Младинските категодии се неперспективни, додека сениорската репрезентација е можеби на најниско ниво од осамостојување. Спонзори во клубовите скоро и да нема, па затоа сите живеат на грбот на општините/градовите и од државните ваучери.

Немаме ниту клубови кои играат во добри интернационални натпреварувања, а тие што се обидуваат да излезат од границите, доживуваат дебакл од екипи кои доаѓаат од држави каде до пред некоја година не ни имаше кошарка. Оваа парола, иако е вперена директно, сепак не е ништо лично. Таа е само отсликување на реалност, каде изминативе години наместо да се засукаат ракавите, да се направи детална анализа, и да почне да се работи за подоброто за кошарката, а и општо спортот во Македонија, со конкретни проекти, некој од удобната фотеља има попаметна работа и се објаснува по социјални медиуми за трач муабети“, стои во нивната објава на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…