Откако Лионел Меси не се најде во конкуренција на топ3 фудбалерите за најдобар играч на светот се појавија бројни реакции.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Светската фудбалска федерација процени дека пред Меси во овој момент се Роналдо, Модриќ и Салах, а меѓу оние кои не се согласуваат со номинацијата е и дефанзивецот на Атлетико, Фелипе Луис.
Бразилецот нема дилема кога е во прашање титулата за најдобар светски играч.
„Во конкуренција за таа награда треба да се најдат најдобрите играчи на светот, за мене тоа е Меси. Сега и години наназад. Тој момент кога не ја освои оваа награда, таа губи кредибилитет. Меси е без конкуренција.“