Дома Фудбал Англија Фекир го обвини Ливерпул: Клубот кажа многу лаги!

Фекир го обвини Ливерпул: Клубот кажа многу лаги!

Сагата околу пропаднатиот трансфер на Набил Фекир во Ливерпул продолжува.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Французинот беше на чекор од трансфер на „Енфилд“, но во последен момент трансферот пропадна со изговор дека играчот има проблеми со коленото.

Фекир кој ова лето се пресели во Бетис го обвини Ливерпул дека лажел за неговата здравствена состојба.

„Кажаа многу лаги за мене. Особено тоа што беше кажано за моето семејство. Вистината е дека јас ги поминав лекарските прегледи и тие решија да не потпишат со мене. Во еден момент тие сакаа да поверувам дека проблем е коленото, но тоа беше само лага“.

„Проблемот е што поради таа лага се откажаа и други клубови кои беа заинтересирани за мене во тој период. Медицинските тестови покажаа дека Ливерпул лажеше“, изјави Фекир.

https://youtu.be/aR-fGRmL20M
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…