Дома Фудбал Италија Фаџоли ќе добива цела плата од Јувентус и покрај суспензијата

Фаџоли ќе добива цела плата од Јувентус и покрај суспензијата

Јувентус не потврдил, но медиумите во Италија објавија дека Фаџоли и покрај тоа што нема да игра седум месеци ќе ја добива целата плата од клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот ќе му даде целосна поддршка на Фаџоли кој се соочи со тешки моменти поради неговата зависност од коцкање. „Старата дама“ имаше можност да му ја намали платата поради суспензијата, па и да го раскине договорот, но ништо од тоа нема да се случи.

Фаџоли ќе продолжи нормално да тренира со останатите соиграчи под водство на Алегри се до истекот на суспензијата.

Ќе потсетиме, според казната ќе мора и шест месеци да посетува установа за одвикнување од коцкање. Останува да се види како сето ова ќе влијае кога тој ќе се врати на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Aу, каква понуда за Олисе, ова не се одбива!

Мајкл Олисе полека станува еден од најдобрите фудбалери во светот и би можел тоа да го док…