Дома Останати Ракомет Фајнал-фор: Данци ќе му судат на Кире, Исланѓани на Вардар

Фајнал-фор: Данци ќе му судат на Кире, Исланѓани на Вардар

Избрани се судиите за сите четири натпревари на завршниот турнир на ЕХФ во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фајнал-форот во кој ќе учествува и Вардар оваа година ќе се игра на 26 и 27 мај, а целата македонска спортска јавност се надева дека Вардар ќе ја одбрани титулата освоена минатата година.

Полуфиналните натпревари на програмата се во сабота. Прво во треминот од 15:15 часот ќе се сретнат ПСЖ и Нант на Кире Лазаров, додека во 18:00 часот Вардар ќе игра против Монпелје.

Правдата во француската пресметка ќе ја делат Данците Гедниг и Хансен, а на натпреварот на Вардар ќе судат Исланѓаните Елиасон и Палсон.

Натпреварот за третото место ќе го судат Словенците Лах и Сок, а големото финале Оскар Ралуј Лопез и Сабросо Рамирез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер од прв шешир во Лига Европа, Охрид остана без вајлд-карта

Еурофарм Пелистер ќе биде единствениот македонски претставник во групната фаза од Европска…