Дома Фудбал Фановите се сожалија: Камп Ноу бурно го поздрави Андре Гомеш (видео)

Фановите се сожалија: Камп Ноу бурно го поздрави Андре Гомеш (видео)

Играчот за врска на Барселона, Андре Гомеш доби голема поддршка од публиката на „Камп Ноу“ кога влегуваше во игра синоќа против Челзи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Неодамна Португалецот даде многу искрено интервју и откри дека се срами да излезе од дома поради слабите партии на теренот. Поради тоа синоќа фановите на Барса го поздравија со голем аплауз на „Камп Ноу“.

„Ми се случуваше повеќе пати да не сакам да излезам од дома. Луѓето зборуваат за мене, ме критикуваат, а мене ми беше срам да излезам надвор. Се заклучувам дома и не си дозволувам себе си да му поминат фрустрациите“, изјави пред мечот Андре Гомеш.

Португалецот синоќа после натпреварот испрати голема благодарност до фановите за поддршката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико се насочиле кон солидно име за замена на Гризман

Раководството на Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Бернардо С…