Дома Фудбал Англија ФА Куп: Челзи доби лесен плен, Тотенхем ќе ги пречека „Ѓаволите“ на Вембли

ФА Куп: Челзи доби лесен плен, Тотенхем ќе ги пречека „Ѓаволите“ на Вембли

Се оддржа ждрепката за полуфинале на најстарото натпреварување на светот – ФА Купот.

Челзи во последниот дуел се избори за пласман меѓу четирите најдобри екипи во овогодинешното издание на ФА Купот, „Плавите“ славеа на „Кинг Пауер“ против Лестер.

Набрзо по тој меч, се оддржа и ждрепката, а Челзи се чини добија лесен плен, откако за ривал ја добија екипата на Саутемптон.

Тоа значи дека во второто полуфинале ќе се соочат екипите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Обете средби ќе бидат одиграни на „Вембли“, а дуелите на програма се на 21. и 22. април.

Победниците ќе се соочат во финалето закажано за 19. мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хакер „влезе“ во телефонот на новинарот и објави кој ја освои Златната топка!

Нова приказна ја тресе фудбалската јавност пред доделувањето на Златната топка за 2026 год…