Дома Фудбал ФА ги казни Ливерпул и Евертон

ФА ги казни Ливерпул и Евертон

Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА) парично ги казни Ливерпул и Евертон поради неспортско однесување на фудбалерите во градското дерби во Премиер лигата.

Ливерпул на 13-ти февруари како домаќин го победи Евертон со 2:0, а инцидент се случи во 86-тата минута кога неколку фудбалери на двата тима влегоа во судир. На инцидентот претходеше неспортско однесување на фудбалерот на Ливерпул, Ендру Робертсон и голманот на Евертон, Џордан Пикфорд,

ФА соопшти дека двата клуба не се погрижиле доволно нивните играчи да се однесуваат на начин како што треба. Евертон е казнет со 40.000 фунти,

Ливерпул со 25.000. Казната за Евертон е повисока поради претходните предупредувања за неспортско однесување во текот на натпреварот против Кристал Палас на почетокот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси тргнува по Кунде, Алонсо подготвува личен повик

Жил Кунде наводно е приоритет на Челси за јануари, но евентуалните преговори со Барселона …