Дома Видео Уште милион пати да шутнеше немаше да погоди: Нереално што “погоди“ Левандовски

Уште милион пати да шутнеше немаше да погоди: Нереално што “погоди“ Левандовски

Роберт Левандовски ќе биде меѓу најголемите ѕвезди на Европското првенство и главна ѕвезда на својата репрезентација.

Лева зад себе има уште една неверојатна сезона. Успеа да го собори рекордот на Герд Милер по број на постигнати погодоци во една сезона (41).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличниот голгетер има навистина прецизен удар и скоро и да не промашува чисти прилики, но она што успеа да го погоди на тренингот тешко дека може да му се повтори.

Имено, Левандовски упати шут кон еден од луѓето зад голот кој со телефон ги снимаше навивачите на трибините.

Топката директно ја погоди метата, а телефонот заврши на подот. И додека еден од голманите се фаќаше за глава, Левандовски само се насмеа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…