Дома Трансфер зона Уште добри вести за Ливерпул, недела од „соништата“ за „црвените“!

Уште добри вести за Ливерпул, недела од „соништата“ за „црвените“!

правата на клубот од „Енфилд“ очигледно завршува одлична работа ова лето.

Ливерпул во тековниот период веќе ангажираше три засилувања: Наби Кеита, Фабињо и Џердан Шаќири. Се е завршено и околу трансферот на голманот Алисон кој вечерва се очекува да пристигне во Ливерпул.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според пишувањето на британскиот новинар Дин Џоунс после Алисон, Ливерпул повторно ќе се сврти кон Набил Фекир.

Наводно, тука работите се помрднале од „мртва точка“ и во наредните денови навивачите на Ливерпул би можеле да очекуваат позитивни вести.

Со ангажирањето на Алисон и Фекир Ливерпул веројатно и би го завршил трансфер пазарот за ова лето.

Да потсетиме, Фекир веќе беше на чекор од трансфер во нивните редови, но на лекарските прегледи било утврдено дека во иднина би можел да има сериозни проблеми со коленото, па поради таквата ситуација во Ливерпул не се одлучија да го ангажираат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…