Учеството на Вардар во ракометната Лига на шампиони е под знак прашалник откако ЕХФ отвори истрага за македонскиот шампион.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
ЕХФ му побара на Вардар депозит од милион евра, бидејќи минатата сезона не ги исполнил условите, па поради тоа сега ќе мора да даде милион евра.
Парите ќе треба да биде исплатен во две рати, и тоа првата најдоцна до 13 јули, а втората до 27 јули.
Доколку Вардар не ја исполни својата обврска кон ЕХФ,на негово место ќе настапи РК Горење Велење од Словенија.
Жрепката за групната фаза во ЛШ ќе се одржи на 2 јули во Виена со почеток од 11.00 часот.
Фото: СЕХА