Претседателот на УФЦ, Дајна Вајт ја откри локацијата на осторовот на кој ќе се организираат борби, станува збор за островот „Јас“ во Абу Даби.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Планот остров на кој ќе се сместат борците и останатиот дел од екипите се најавуваше долго време, а сега може да се реализира.
Засега потврдено дека на 11 јули на овој остров ќе се одржи УФЦ 251 евентот, а главната борба таа вечер ќе биде за појаот во велтер категорија каде ќе се борат Камару Усман и Гилберт Барнс.
Таа вечер ќе се бори и Австралиецот кој има македонско потекло Александар Волкановски. Волкановски ќе го има реваншот против Макс Холовеј кого го победи во декември минатата година. Третата потврдена борба е помеѓу Жозе Алдо и Петр Јан.
Интересно е што на подот во кафезот за борби ќе биде поставен песок.