УФЦ го раскина договорот со еден од најголемите во овој спорт, Андерсон Силва.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилската легенда според договорот имаше уште една борба, меѓутоа неговиот договор е раскинат и таа борба нема да ја одработи. Првиот човек на УФЦ Дајна Вајт потенцираше дека договорот е раскинат за доброто на Силва.
„Силва неодмна се бореше против Хол и по борбата мораше да седне, едвај зборуваше. Што ќе се случеше ако се бореше со некој од по жестоките борци? Сигурно немаше да помине добро. Возрасен човек е и не можам јас да му кажувам што да прави. Она што можам е да не му дозволам да ја одработи последната борба од договорот. Легенда е мислам дека му е време за пензија, веќе е престар да се бори, се грижам за неговото здравје“, порача Вајт.
Ќе потсетиме, Силва шампионскиот појас во УФЦ го освои во 2006 година и го држеше седум години.