Дома Тенис Успешен старт на Федерер во Шангај

Успешен старт на Федерер во Шангај

Рожер Федерер успешно го започна учеството на Мастерсот во Шангај откако после два часа игра го победи Данил Медведев со 2:1 во сетови.

Медведев се наоѓаше во одлична форма пред овој меч, откако минатата недела ја освои титулата на силниот турнир во Токио.

Федерер одлично го започна мечот, но Русинот одигра добро во вториот сет и израмни на 1:1. Во решавачкиот сет кога беше најпотребно при 4:4 Швајцарецот направи брејк и го зеде сетот.

Следен противник на Федерер е Баутиста Агута. На останатите терени доминација на фаворитите па победи остварија Кенет Андерсон, Кеј Нишикори, Дел Потро, Квери и Александар Зверев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ им оддаде почит на 16-те жртви од трагедијата во Нови Сад

На втората годишнина од падот на настрешницата, Новак Ѓоковиќ сподели објава во спомен на …