Дома Останати Тенис УС Опен: Болно простување на Ферер против Рафа, Вавринка шампионски против Димитров

УС Опен: Болно простување на Ферер против Рафа, Вавринка шампионски против Димитров

ferrer

Првиот ден УС опен донесе интересни, но и еден емотивен дуел.

Рано утрото беше завршен првиот ден од последниот грен слем во сезоната, УС Опен на кој беа одигра 32 натпревари во машки сингл.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Најмногу внимание секако привлече шпанското дерби (кое од поодамна не е тоа), помеѓу Рафаел Надал и преискусниот Давид Ферер. Овој меч Ферер го предаде поради повреда на Ахиловата тетива при резултат 6:3, 3:4 за Рафа. За Ферер ова воедно беше и последен грен слем во кариерата која ќе ја заврши оваа сезона.

Беше навистина емотивно бидејќи од тенисот полека се простува еден од најголемите борци кои некогаш се појавиле. Болките во уништените Ахилови тетиви на двете ноги го примораа 36 годишниот тенисер да се подготви за крај.

„Ќе се одморам и ќе се опоравам со семејството во наредните месеци, а потоа и дефинитивно ќе се простам од тенисот најверојатно на турнирот во мојата родна Валенсија кон крајот на октомври“, изјави поранешниот трет најдобар играч во светот.

Oна што беше најавувано како меч на денот се претвори во уште една бламажа на Григор Димитров кој лесно со 6:3, 6:2 и 7:5 беше испратен дома од шампионот на УС Опен Стен Вавринка ко очигледно успеа да ја врати шампионската форма после двојната операција коленото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал елиминиран во првото коло на „Ролан Гарос“

Рафаел Надал кој е рекордер на Ролан Гарос,годинава го заврши турнирот уште  во првото кол…