Дома Фудбал Останато Уругвај – Еквадор: Суарез и дружината ја започнуваат борбата за престижниот трофеј

Уругвај – Еквадор: Суарез и дружината ја започнуваат борбата за престижниот трофеј

Во Минеирао доцна во ноќта помеѓу недела и понеделник играат Уругвај – Еквадор. Копа Америка за Уругвај е можност за слава, но од друга страна се чини дека за Еквадор овој пат овој турнир е само тренинг за квалификациите за пласман на следното СП.

Уругвај фаворит во својата група

Уругвај ќе очекува да ја освои Групата Ц. Мене ми изгледа дека коцките им се добро поставени и дека имаат противници по мерка, особено на овој прв натпревар каде очекувам нивни победничкиот старт против Еквадор во Минеирао.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уругвајците имаат одличен тим и нивните изгледи за да ја освојат титулата не се мали. Нивната одбрана е цврста, имаат менаџер кој ги познава своите играчи и имаат напаѓачи кои можат да го решат натпреварот со еден потег. Луис Суарез се чини дека е целосна подготвеност по операцијата на коленото и тоа е еден мотив плус за целиот тим.

Табарез знае како

Стариот лисец Оскар Табарез кој потпиша нов договор во септември е гаранција за за успех и конкурентност, а таа старосна комбинација на одбраната и смртоносни напаѓачи е неверојатна и може да се очекува да им служи добро во нивната група. Верувам дека момците кои се големо освежување во средниот ред може да помогнат и да ги поврзат линиите многу полесно отколку во минатото.

Се чини дека тие имаат убедлива формула и нема ниту една причина Уругвај да не биде еден од фаворитите на турнирот.

Гомез се чини дека потпиша предвремена капитулација

Еквадор се чини дека повеќе ја третира Копа Америка како тренинг вежба отколку како можност за слава. тренерот Хернан Дарио Гомез призна дека претстојните квалификации на Светското првенство се негов приоритет, а експериментирањето со фудбалерите и играта во последниве неколку месеци е јасен показател за тоа.

Тоа не е добро и кога еднаш јавноста ќе му се спротивстави на селекторот, тогаш тешко е да се врати ведбата кај навивачите. Гомез е крајно критикуван поради изборот на фудбалери кои пред се играат во Јужна Америка и САД, на сметка на некои фудбалери кои играат во Европа . Искрено, о тој потег на некој начин тој си потпиша предвремена капитулација, а тимот одигра 1:1 со Венецуела и загуби со 3:2 од Мексико во подготовките.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…