Дома Видео Урнебесно: Голманот одбрани со рака, а Суарез бараше пенал ?

Урнебесно: Голманот одбрани со рака, а Суарез бараше пенал ?

Атлетико Мадрид втор натпревар по ред одигра без голови, овој пат против Виљареал на Ванда Метрополитано.

Луис Суарез беше стартер, но не се изнаигра. Диего Симеоне одлучи да го замени во вториот дел со Диего Коста, кој исто така не се прослави.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Иако не постигна погодок, Суарез се погрижи да се зборува за неговиот потег кој дефинитивно може да се стави во рубриката бизарно.

Уругваецот е познат по тоа што ја користи секоја ситуација да протестира кај судијата, или да бара некое свое право, меѓутоа овој пат се посрамоти.

Имено, при еден напад на домашниот тим голманот Асењо реагираше со рака, а Суарез на втората статива бараше пенал поради играње со рака.

Инаку, ова не е прв пат Ел Пиштолеро да бара пенал откако голманот ќе игра со рака. Нешто слично направи и во дресот на репрезентацијата на Уругвај пред неколку години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Двајца кандидати за клупата на Челзи

Челзи денес и официјално се раздели со тренерот Маурисио Поетино и ја започна порагата по …