Дома Фудбал Управата го прекршила ветувањето, играчите на Арсенал побарале состанок

Управата го прекршила ветувањето, играчите на Арсенал побарале состанок

Арсенал пред неколку дена го освои ФА Купот и изгледаше дека работите одат на подобро, вниманието се насочи кон склопување на екипата за наредната сезона. Сепак, сега се појавија проблеми.

Имено, фудбалерите на овој клуб се налутиле на управата на клубот поради одредени работи кои биле направени во последниот период.

Најмногу им пречело што клубот го прекршил договорот од април. Ќе потсетиме во април играчите на Арсенал се договорија со управата да им се намалат плататите за 12.5%, но со гаранција дека никој од вработените во клубот нема да добие отказ.

Четири месеци подоцна Арсенал го прекршил тоа ветување затоа што се спремиле откази за дури 55 вработени.

Сетоа ова ги налутило фудбалерите кои наводно побарале состанок со управата за да го искажат своето незадоволство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Старите навики го издадоа Хендерсон: Бараше пенал против сопствениот тим?

Поранешниот капитен на Ливерпул се врати на „Енфилд“ во дресот на Челси, но еден негов пот…