Дома Фудбал Останато Уникатен светски рекорд на Родри – една година без пораз!

Уникатен светски рекорд на Родри – една година без пораз!

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола го истакна Родри како најдобар фудбалер на Манчестер Сити во историската сезона во која овој тим освои тројна круна, а сега репрезентативецот на Шпанија постави и еден уникатен рекорд.

Имено, Родри последниот пораз без разлика дали е за клуб или репрезентација го претрпе пред точно една година. Тогаш Шпанија беше поразена од Шкотска со 2:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од тој натпревар Родри играше во седум натпреварувања со Шпанија и Манчестер Сити и не забележа ниту еден пораз кога бил на теренот. Во тој период и освои титули со „граѓанните“ во Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот и Суперкупот, додека со Шпанија триумфираше во Лигата на Нации.

Треба да се напомене дека во тие 63 натпревари кој ги одигра почувствува како е да се загуби во Комјунити Шулд против Арсенал, сепак бидејќи тој дуел се решаваше на пенали во официјалната статистика се води како реми.

Претходниот рекорд кој го држеше во натпревари без пораз беше на Португалецот Рикардо Карваљо кој не беше поразен на 58 натпревари како играч на Челзи од 2006 до 2008 година.

НАТПРЕВАРИТЕ НА РОДРИ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се огласи Клоп: Се радувам за клубот ако Слот е решението

Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а осо…