Унгарските медиуми најавуваат трансфер на Бобан Николов во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Веќе некое време се шпекупира за можен трансфер на Николов во Италија, а сега на унгарскиот портал „csakfoci.hu“ каде што се објавуваат завршени трансфери и некои кои допрва треба да се реализираат се најави трансфер на македонскиот репрезентативец.
Во овој медиум името на Николов се најде помеѓу играчите кои се очекува да го напуштат тимот на Мол Види каде што игра и Висар Муслиу.
Како дестинација која е најверојатна за Николов се потенцираше италијанска Џенова каде што Николов би играл заедно со Пандев.
За ваква опција зборуваше и самиот Николов во едно вклучување на „лајв“ на Инстаграм во карантинските денови, па останува сега да видиме дали најавите ќе се остварат.