Дома Тенис Украинка го критикуваше Ѓоковиќ, а сега се забавува со него 🎥

Украинка го критикуваше Ѓоковиќ, а сега се забавува со него 🎥

Украинката Марта Костјук во минатото знаеше често да го критикува Новак Ѓоковиќ и неговиоттатко Срѓан поради темите поврзани со Украина.

„Некои мои колеги мораат да разберат што се случува во Украина. Погледнете што зборуваат Ѓоковиќ и Надал. Како да имате поддршка по таква изјави?“, се запраша 20-годишната Костјук пред неколку месеци.

Сега таа беше снимена во друштво на Ѓоковиќ. На официјалната страна беше објавена снимка на која се гледа како се забавува со Ѓоковиќ и тимот на српскиот тенисер.

За Ѓоковиќ зборуваше и по завршувањето на Ролан Гарос.

„Без разлика што ќе кажам ќе ме мразат до крајот на животот, посебно фановите на Ѓоковиќ, тие се многу агресивни и лично сум го почувствувала тоа“, истакна тогаш Украинката.

Ќе потсетиме, главниот дел на Вимблдон стартува од понеделник, а тенисерите веќе се подготвуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Рибакина загуби сет, па со убедлив финиш обезбеди полуфинале во Нингбо

Елена Рибакина ја совлада Катажина Кава со 6:1, 3:6, 6:1, а за место во финалето во Нингбо…