Дома Фудбал Репрезентации Украина остана без двајца важни играчи за ЕП

Украина остана без двајца важни играчи за ЕП

Репрезентацијата на Украина доби лоши вести пред почетокот на Европското првенство.

Медиумите во оваа земја информираат дека селекторот Андреј Шевченко нема да може да смета на две големи ѕвезди. Поради повреда на повикот на украинскиот селектор не можат да одговорат Евгениј Конопљанка и Виктор Коваленко.

Двајцата ќе бидат во аут и нема да можат да настапат на целиот шампионат. Ќе потсетиме, Украина на 17. јуни ќе игра против Македонија.

Сигурно дека без Конопљанка и Коваленко средниот ред на Украинците е значително ослабен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Никој не го сака Рахим Стерлинг, ниту како слободен агент!

Англискиот фудбалер Рахим Стерлинг сѐ уште нема клуб.  Рахим Стерлинг бил понуден на Авр, …