Дома Фудбал Ужасната статистика на Азар против Гетафе

Ужасната статистика на Азар против Гетафе

Реал Мадрид вчера во 34-то коло од Ла Лига го победи Гетафе со 1:0 со голот на Марко Асенсио во 70-тата минута. Асенсио шутираше од десната страна, а топката на патот погоди еден од фудбалерите на Гетафе и заврши во мрежата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот на Реал, Карло Анчелоти ги одмараше најважните играчи во овој дуел затоа што в среда ги чека реваншот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Од првата минута така шанса доби Еден Азар за кого ова беше деветти настап од почетокот на сезоната.

На теренот Белгиецот помина 60 минути, а неговиот учинок беше катастрофален. Белгиецот само 30 пати ја допрел топката и запишал само 18 точни додовања, патпат ја изгубил. Не упатил ниту еден удар, а останал без дриблинг, клучен пас, долга топка…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на приказната: Погба замина од Монако!

Иако имаше договор до јуни 2027 година, одлучено е по спогодба да се раскине договорот пом…