Дома Топ вести Ужас во Франција: Докторот на Ремс се самоуби откако дозна дека е зарезен со коронавирус

Ужас во Франција: Докторот на Ремс се самоуби откако дозна дека е зарезен со коронавирус

Уште една тажа вест од светот на спортот поради коронавирусот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Член на лекарскиот тим на фудбалскиот клуб Ремс, Бернард Гонзалез според пишувањата на тамошните медиуми извршил самоубиство.

За него единствено се знае дека беше заразен со коронавирус и дека со својата сопруга беше во изолација.

Гонзалез во клубот беше ангажиран претходните две децении, а се наведува дека оставил и проштално писмо.

Претседателот на Ремс, Жан-Пјер Калјо едноставно не можеше да ја сокрие тагата.

„Останав без зборови. Шокиран сум.“ – изјави Калјо.

Во Франција до сега се заразени скоро 90.000 лица со коронавирус, додека животот го загубија повеќе од 7.500 луѓе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…