Дома Фудбал Останато УЕФА ја запре постапката, нема суспензија за Реал, Барса и Јувентус

УЕФА ја запре постапката, нема суспензија за Реал, Барса и Јувентус

УЕФА преку официјално соопштение потврди дека донела одлука да ја прекине постапката против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, последните три клуба кои не се откажаа од проектот на Суперлигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Трите клубови „бунтовници“ кои не се откажаа од намерата за формирање на Суперлига, па УЕФА отвори постапка и се закани со исфрлање од Лигата на шампиони.

Минатиот месец, УЕФА објави санкции за девет од 12-те клуба кои се откажаа од проектот Суперлига, а тоа се Арсенал, Милан, Челзи, Атлетико, Интер, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Тие се согласија да се откажат од 5% од приходите од натпреварувањата на УЕФА следната сезона и заеднички да донираат 15.000.000 евра помош за локалниот развој на фудбалот и младите екипи во Европа.

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус останаа во Суперлигата, УЕФА најави жестоки санкции, но сега привремено ја прекинаа постапката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Покетино пред БиХ: Ова за нас е финале, шутиравме и пенали

Вечерва, пред натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Соединетите Америк…