Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО УЕФА се закани, финалето на ЕП може да се игра во Будимпешта

УЕФА се закани, финалето на ЕП може да се игра во Будимпешта

Според „Тајмс, поради рестриктивните мерки кои се во сила во Велика Британија, УЕФА размислува да ја смени локацијата за завршните натпревари.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Завршницата на ЕУРО 2020 би можела да ја смени локацијата. Според планот, полу-финалните мечеви и големото финале треба да се одиграат на „Вембили“ во Лондон.

УЕФА од Британците побарале за ВИП-гостите, кои треба да бидат присутни на завршницата, да не важи десетдневниот карантин. Според мерките во Обединетото Кралство, сите кои влегиваат во земјата, а се наоѓаат на црвената листа мора да бидат десет дена во изолација.

Доколку ситуацијата не се смени, УЕФА, како што пишува „Тајмс“, има намера завршницата да ја префрли во Будимпешта. Во Унгарската престолнина, во првото коло, Унгарија и Португалија играа пред 67.000 навивачи.

Целта на УЕФА е на своите вработени, ВИП-гостите и навивачите да им овозможи што е можно полесен начин на завршницата на ЕУРО.

Овој извор, наведува дека владата на Британија, во наредните денови, ќе го разгледа барањето на УЕФА, за да ги укине мерките за вработените на УЕФА, политичарите и спонзорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Се пласираа само во плеј-оф, а славеа како веќе да се во Премиер лигата (Видео)

Фудбалерите на Хал успеаја да го обезбедат своето место во плејофот на Чемпионшипот, каде …