Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Прошетката на фудбалерите низ каналите во Амстердам ќе резултира со казна за ФФМ

Прошетката на фудбалерите низ каналите во Амстердам ќе резултира со казна за ФФМ

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Фудбалската федерација на Македонија поради кршење на ковид-протоколот oд страна на фудбалерите пред натпреварот со Холандија во Амстердам.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


УЕФА истакна дека е назначен дисциплински истражител кој треба да разгледа „лошо однесување и потенцијално кршење“ на здравствените протоколи на Евро 2020 од страна на играчите. Фудбалерите пред натпреварот со Холандијан беа на прошетка низ каналите во Амстердам што секако е забрането кога сте во балон, видеата беа споделени на социјалните мрежи, а сега тоа веројатно ќе резултира со казна за Фудбалската федерација.

Евентуалните санкции на УЕФА ќе бидат против ФФМ поради правилата на УЕФА, па фудбалерите иако не ги почитуваа правилата индивидуално ќе поминат неказнето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…