Атлетико Мадрид вчера се избори за пласман во финалето од Лигата на Европа, откако го победи Арсенал со 1:0, сепак Диего Симеоне нема да биде дел од ова финале, барем не од клупата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
УЕФА денес ја потврди казната на Симеоне и како и реваншот против Арсенал, Аргентинецот и финалето во Лион ќе мора да го следи од трибините.
Симеоне заработи исклучување во првиот натпревар против Арсенал, иако се очекуваше неговата казна да заврши со еден натпревар суспензија сепак УЕФА немаше милост кон Чоло.
Како што е познато и во финалето Атлетико ќе го води заменикот на Симеоне, Бургос. Финалето од Лигата на Европа се игра на 16 мај во Лион.