Дома Фудбал Удар за Зидан, тешка повреда на Карвахал

Удар за Зидан, тешка повреда на Карвахал

Нема крај на проблемите на Зинедин Зидан со повредени фудбалери, после Азар повреда заработи и Дани Карвахал.

Според „Марка“, која е добро информирана за случувањата во Реал Мадрид, Карвахал ќе отсуствува од терените во следните два месеци.

Шпанскиот репрезентативец го повреди коленото на денешниот тренинг, а лекарските прегледи покажаа оштетување на лигаментите.

Карвахал го пропушти и последниот меч пред два дена против Ваљадолид, а на негово место играше Алваро Одриазола.

Карвахал ќе отсуствува два месеци од терените и ќе го пропушти и првото Ел Класико оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Игра за ПСЖ и заработува девет милиони евра, а на тренинг дојде со – комбе! (Видео)

Португалскиот играч на средниот ред Жоао Невес (21), дел од тимот на Париз Сент-Жермен, ст…