Вардар вчера го обезбеди потписот на поранешниот ракометар на Кил, Кристијан Дисингер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дисингер со црвено-црните потпиша договор на две години, а воедно е и првиот Германец кој ќе го носи дресот на Вардар.
Германецот преку социјалните мрежи искажа задоволство што Вардар му дава шанса после три години поминати во Кил, но она што беше најмногу е забалежително е што пораката беше напишана и на македонски јазик.
Навистина убав гест за почеток од Дисингер.
„По три години поминати во Кил, со сите подеми и падови, среќен сум што Вардар ми дава нова ракометна шанса. Јас навистина со нетрпение очекувам да ја запознаат ова земја, народот, културата, големите навивачи и целиот тим на Вардар. Ќе дадам сè за клубот и се надевам дека можам барем малку да придонесам во успешна сезона“, гласи пораката на Германецот.
Иако веќе е ракометар на Вардар поради поравилата за регистрација на играчи, Дисингер не ќе може да настапи во недела против Киелце, но ќе биде на распалогање за натпреарот од шестото коло.