Дома Фудбал Англија Уапсен Уго Лорис!

Уапсен Уго Лорис!

Голманот на Тотенхем и француската репрезентација уапсен е утрово во Лондон.

Одличниот голман на „спарси“ во раните утрински часови бил запрен од страна на полицијата и бил уапсен откако било утврдено дека возел во алкохолозорана состојба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа Лорис набрзо бил пуштен, но го чека обвинение за возење под влијание на алкохол и извесно е дека одредено време ќе остане без возачка дозвола.

„Уго Лорис е обвинет за возење во пијана состојба во раните утрински часови во петок. Неговото сослушување е закажано за вторник 11 септември“, стои во соопштението.

За среќа наредниот меч Тотенхем го игра дури во понеделник на „Олф Трафорд“, па до тогаш ќе има доволно време да се отрезни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…