Стратегот на Челзи, Томас Тухел не беше задоволен од она што го прикажаа неговите фудбалери против Арсенал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тухел смета дека самите тие се виновни за поразот во натпреварот во кој влегоа као фаворити.
„Поразот е наша вина. Не постигнавме гол, а имавме одлични шанси. Игравме под нивото на кое сакаме да бидеме, немавме вистинска енергија. Овој пораз нека биде повик за будење“, изјави Тухел.
Челзи до крајот на сезоната го очекуваат две финалиња, едно во ФА Купот и најважното во Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Секако, тука се и преостанатите натпревари во Премиер лигата.