Фудбалерите на Турција во средата во Хамбург ја победија Чешка со 2:1 и така се пласираа во мсинафиналето на Европското првенство каде што ги чека Австрија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со пласманот во нокаут фазата репрезентацијата ги израдува своите бројни навивачи, но истовремено и со еден потег го налути домаќинот. Имено, на одлучувачкиот натпревар Турција од својот камп во Хановер до Хамбург патувала со авион иако одалеченоста е 132 километри.
Германците пишуваат дека тоа е неодговорно и нееколошко однесувањ. Посебно се бесни организаторите затоа што УЕФА на актуелното Европско првенство промовира еколошки методи на функционирање.
„Целосно бесмислено и непотребно“, вака го коментираше потегот на Турција, Вернер Рех, од германската федерација за заштита на природата.
Слична е и реакцијата на Рене Шварц од граѓанската иницијатива за намалување на загаденоста на воздухот.
„Апсолутно е неприфатливо. Во Хамбург избегнуваат дури и електрични автомобили, па навивачите користат јавен превоз, а репрезентацијата на Турција вака кратка релација поминува со авион“, искоментира Шварц.