Дома Трансфер зона Тројца фудбалери сигурно заминуваат од Манчестер Јунајтед

Тројца фудбалери сигурно заминуваат од Манчестер Јунајтед

Познато е дека Манчестер Јунајтед во новата сезона ќе биде предводен од Ерик Тен Хаг кого го очекува многу работи, а се најавуваат и големи промени во таборот на „црвените ѓаволи“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Промени во играчкиот кадар сигурно ќе има, а според последните информации од Островот веќе се знае кои тројца фудбалери сигурно ќе си заминат од „Олд Трафорд“. Наводно, Ентони Марсијал, Ерик Баи и голманот Дин Хендерсон веќе можат да си бараат нови клубови.

Многумина веруваат дека ова е само почеток на создавањето на „нов Јунајтед“, а навивачите со нетрпение очекуваат и кои засилувања ќе пристигнат на „Театарот на соништата“ бидејќи и Пол Погба најверојатно заминува, а последните најави се дека Французинот се враќа во Јувентус.

Нема сомнеж дека во Манчестер не очекува возбудливо лето. Најинтересното треба да не очекува во јули, кога вообичаено има најмногу случувања во летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…