Дома Фудбал Останато Трка за Златната копачка: Еве како стојат работите

Трка за Златната копачка: Еве како стојат работите

Бидејќи Баерн се уште е во игра во Лигата на шампионите, Роберт Левандовски уште не ја завршил сезоната во која е фантастичен.

Полскиот голгетер сезонава во Баерн постигна 51 гол на 43 натпревари, а 34 гола во германскиот шампионат што му беа повеќе од доволни за титулата најдобар стрелец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Левандовски е многу блиску и до европската Златна копачка иако се уште не е сигурен. Имено, сезоната во Бундеслигата е завршена, додека неговите конкуренти имаат уште по шест натпревари во Серија А.

Во Серија А се води голема борба за прв стрелец помеѓу Имобиле и Роналдо.

Имобиле е на 29 голови, но по рестартот на сезоната како и целиот Лацио и тој падна во формата. Откако вчера Кристиано Роналдо постигна два гола од пенал сериозно се доближи до Имобиле, а така влезе и во трката за Златната копачка. Португалецот на шест кола пред крајот е на 28 гола.

Значи Имобиле и Роналдо имаат шанси да го престигнат полскиот голгетер, па ќе биде интересно да се следи оваа трка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…