Дома Фудбал Тричковски: Мотивацијата и добрата атмосфера се најсилна страна на оваа Македонија

Тричковски: Мотивацијата и добрата атмосфера се најсилна страна на оваа Македонија

Македонија утре го игра последниот натпревар од овој циклус, а противник ни е селекцијата на Ерменија.

Пред овој меч заедно со селекторот Игор Ангеловски зброуваше Иван Тричковски.

„Мотивацијата и добрата атмосфера е најсилната страна на оваа Македонија. Подготвени сме за натпреварот, ова е важен дуел и сакаме да победиме“.

Тричковски утре ќе игра на познат терен затоа што долги години го носеше дресот на АПОЕЛ, стадионот „ГСП“ каде што ќе се игра утрешниот натпревар го делат Омонија и АПОЕЛ.

„Да, познат теренот ми е познат. Штета што ќе се игра без публика. Сепак, ние фудбалерите пронаоѓаме начин да се мотивираме и кога нема публика на трибините“, порача Тричко.

Ќе потсетиме на Македонија и е доволно и реми за да го обезбеди првото место во групата и да оди во „Б“ лигата.

Фото: Игор Паневски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал заврши сè за 36 минути: Три гола за сигурна победа во Сантандер

Мбапе од пенал, Белингам и Диоманде погодија уште во првото полувреме за победа на Реал Ма…