Иван Тричковски многу веројатно 2019 година ќе ја заврши во топ 20 голгетери во светот!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тричковски игра одлично во дресот на АЕК Ларнака од Кипар и таквата форма доведе до тоа да биде во друштво на најдобрите голгетери.
На само една недела од крајот на 2019 година Тричковски е на 19. позиција. Тричковски со 30 гола има еден повеќе Бруно Енрике од Фламенго, Бафетеми Гомис од Ал Хилал и Џејми Варди. Потоа со по 28 гола следуваат Рахим Стерлинг, Серхио Агуеро и Бен Једер.
На врвот е Лионел Меси со 48 гола, потоа следуваат Левандовски со 46 и Аберџак Хмдалах од Ал Наср со 45.

