Дома Македонски спорт Мак фудбал Три засилувања во Ѓорче: Се врати мајсторот за слободни, тука се уште Ајрулаху и Чарлстон

Три засилувања во Ѓорче: Се врати мајсторот за слободни, тука се уште Ајрулаху и Чарлстон

Тимот на Македонија Ѓорче Петров денес промовираше три нови засилувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Лавовите“ играат одлична сезона и се на делба на втората позиција во ПМФЛ со тимот на Шкупи. Од денес и официјално нови играчи на овој тим се Изет Ајрулаху, Чарлстон и повратникот Робсон Да Силва.

Ајрулаху е 22 годишен напаѓач и доаѓа од редовите на Скопје. Бразилскиот стопер Чарлстон е еден од оние кои го напуштија Вардар поради финансиската криза, а се реши негова нова дестинација да биде токму Ѓорче.

Мајсторот за слободни удари Робсон Да Силва се враќа во црвено-жолтите после само шест месеци поминати во тимот на Беласица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …