Дома Фудбал Третиот голман на Реал го одигра натпреварот на својот живот. Погледнете ги одличните одбрани

Третиот голман на Реал го одигра натпреварот на својот живот. Погледнете ги одличните одбрани

Реал Мадрид го победи РБ Лајпциг со 1:0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Победничкиот гол беше ремек дело на Брахим Дијаз, фудбалер кој се најде во првиот тим на местото на повредениот Џуд Белингем.

Стрелецот Брахим Дијаз не беше најдобриот играч на Реал на овој меч. Украинецот Андриј Лунин, номинално третиот голман во хиерархијата на Кралскиот клуб, брилјираше. Тој запиша девет одбрани, а пет од тие удари беа во шеснаесетникот.

Лунин исто така беше многу сигурен на топката, погодувајќи седум од 11 прецизни долги додавања. Софаскор пресмета дека просечен голман, соочен со толку шанси, ќе прими најмалку два гола. Погледнете ги неговите најдобри потези:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хари Кејн објави каде ја продолжува кариерата

Хари Кејн отворено зборуваше за преговорите со германскиот гигант и практично потврди дека…