Дома Македонски спорт Трајковски: Македонија ќе биде изненадување на ЕП

Трајковски: Македонија ќе биде изненадување на ЕП

Mинатиот месец фудбалската репрезентација на Македонија испиша историја со пласманот на Европското првенство кое ќе се игра наредното лето.

Македонија во Тблиси ја победи Грузија со голот на капитенот Горан Пандев. На ваков успех фудбалската јавност во земјава чекаше цели 26 години од првиот натпревар во Крањ. Напаѓачот Александар Трајковски смета дека Македонија има квалитет да биде изненадување на ЕП.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Ние сме репрезентација која има квалитет и затоа верувам дека ќе бидеме пријатно изненадување на Европското првенство. Чувството е неверојатно, сон на секој фудбалер е да биде дел од едно такво големо натпреварување. Среќен сум што сум дел од генерацијата која за првпат ја одведе Македонија на ЕП. Го направивме нашиот народ среќен и горд сум на тоа“, изјави Трајковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…