Дома Трансфер зона Трансферот на Гвардиол во Сити е прашање на време

Трансферот на Гвардиол во Сити е прашање на време

Хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол летово сигурно ќе потпише за Манчестер Сити, пренесува еминентниот „Билд“. 

Неодамна директорот на Лајпциг изјави дека се далеку од договор со Манчестер Сити, но со тоа само сакал да направи притисок врз „граѓаните“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Манчестер Сити во моментов нуди 90 милиони евра плус, некои прилично нереални бонуси. Лајпциг нема да се согласи на помалку од 100 милиони евра, но на крајот Гвардиол сигурно ќе заврши во Сити до крајот на летниот преоден рок“, пишува „Билд“.

Гвардиол има комплетен договор со Сити и само чека зелено светло за да пристигне во Манчестер на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Изненадување од Островот: Манчестер Сити го продава Едерсон?!

Голманот на Манчестер Сити, Бразилецот Едерсон би можел на крајот на актуелната сезона да …